All for Joomla All for Webmasters

Јавете се: +389 02 2448 138

+389 (070) 381258 | +389 (070) 381 268

За нас

РИ – ОПУСПРОЕКТ ДОО Скопје  е стручна и овластена компанија која работи на полето на заштита на работната и животната средина, основана е 2000-та година и е во приватна сопственост. Компанијата е со локација на бул. Јане Сандански  бр. 113 – Скопје.

РИ-ОПУСПРОЕКT е компанија која во моментов е меѓу водечките компании во Р.Македонија која работи на комплетна заштита на работната и животната средина.
РИ-ОПУСПРОЕКТ како стручна компанија овластена од Министерството за труд и социјална политика им нуди можност на работодавците за стручно – оперативните работи од областа на безбедност при работа да ни ги довери нам. Преку планирањето односно преку планско насочување на мерките и средствата за безбедност и здравје при работа се обезбедува успешно нејзино спроведување и унапредување, со што се овозможува зачувување на физичкиот и психичкиот интегритет на работниците.
Основната функција на безбедноста и здравјето при работа е создавање услови за безбедна работа на сите работници и во сите фази на процесот на трудот , во работата и во врска со работата и со својата превентивна функција претставува брана од несреќните и несакани последици. Преку прифаќање и примена на ваквиот став се потенцира не само хуманата туку и економската димензија на безбедноста и здравјето при работа.
На полето на заштитата на животната средина РИ-ОПУСПРОЕКТ  како стручна и овластена компанијата од Министерството за животна средина и просторно планирање изготвува проекти чија цел е комплетна заштита на животната средина при продуцирање на токсични и/или загадувачки нузпродукти од производни процеси. Ова покрива широк опсег на компании со различни технички и технолошки капацитети и способности во врска со управувањето за сигурно одложување на таков вид на нузпродукти. Земајќи го ова во предвид компанијата има успешни достигнувања на полето на заштитата на животната средина. Сите овие проекти опфаќаат утврдување, опис и развивање на процедурите потребни за успешна елиминација на причините за загадување.
 Воедно политика на РИ-ОПУСПРОЕКТ е континуирано следење на светските научни истражувања и достигнувања во врска со заштитата на работната и животната средина. За таа цел вработените посетуваат семинари и други тренинзи кои ја третираат оваа проблематика како во земјава така и во странство.
Сите вработени во компанијата се со висок степен на професионално искуство и способност за тимска работа. Нивните богати искуства во својата област се решавачки елементи за успешноста на РИ-ОПУСПРОЕКТ. Компанијата остварува деловна соработка и со други специјализирани компании со одредена специјалност и други реномирани надворешни соработници.

Сметаме дека преку соработката со РИ - ОПУСПРОЕКТ ќе добиете сериозен партнер во остварувањето на Вашите цели.