РИ – ОПУСПРОЕКТ е стручна организација која работи на полето на заштита на работната и животната средина. Компанијата која е во приватна сопственост започна со работа во 2000 година како дел од Рударскиот Институт - Скопје.
Основната функција на безбедноста и здравјето при работа е создавање услови за безбедна работа на сите работници и во сите фази на процесот на трудот , во работата и во врска со работата и со својата превентивна функција претставува брана од несреќните и несакани последици. Преку прифаќање и примена на ваквиот став се потенцира не само хуманата туку и економската димензија на безбедноста и здравјето при работа.
Според одредбите од Законот за безбедност и здравје при работа (“Службен весник на РМ”, бр:92/07), како и согласно одредбите на другите закони и прописи кои се однесуваат на безбедноста и здравјето при работа, РИ-ОПУСПРОЕКТ како стручна организација овластена од Министерството за труд и социјална политика им нуди можност на работодавците за стручно – оперативните работи од областа на заштитата при работа да ни ги довери нам.
Преку планирањето односно преку планско насочување на мерките и средствата за безбедност и здравје при работа се обезбедува успешно нејзино спроведување и унапредување, со што се овозможува зачувување на физичкиот и психичкиот интегритет на работниците.
На полето на заштитата на животната средина компанијата изготвува проекти чија цел е комплетна заштита на животната средина при продуцирање на токсични и/или загадувачки нузпродукти од производни процеси. Ова покрива широк опсег на компании со различни технички и технолошки капацитети и способности во врска со управувањето за сигурно одложување на таков вид на нузпродукти. Земајќи го ова во предвид компанијата има успешни достигнувања на полето на заштитата на животната средина. Сите овие проекти опфаќаат утврдување, опис и развивање на процедурите потребни за успешна елиминација на причините за загадување.
Воедно политика на Друштвото е континуирано следење на светските научни истражувања и достигнувања во врска со заштитата на работната и животната средина. За таа цел вработените посетуваат семинари и други тренинзи кои ја третираат оваа проблематика како во земјава така и во странство.
Сите вработени во компанијата се со висок степен на професионално искуство и способност за тимска работа. Нивните богати искуства во својата област се решавачки елементи за успешноста на “РИ-ОПУСПРОЕКТ”. Компанијата остварува деловна соработка и со други специјализирани компании со одредена специјалност како заштита од пожари и сл. и други реномирани надворешни соработници.
Сметаме дека преку соработката со РИ - ОПУСПРОЕКТ ќе добиете сериозен партнер во остварувањето на Вашите цели.
|